Црна хроника
Пријава против крадец од Тетовско – крадел апарати за домаќинство и ги препродавал
Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(32) од село Одри, Tетовско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба. Р.А. се сомничи дека во мај и јуни оваа година насилно влегувал во куќи во Одри и одземал различни технички производи, апарати за домаќинство и друго, кои подоцна ги продавал на други лица во Тетово и Tетовско, кои ќе се товарат за сторено кривично дело прикривање. Најголемиот број од одземените предмети и опрема се пронајдени и вратени им се на сопствениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

