Црна хроника
Пријава против тетовка – објавувала лажни информации за вирусот на „Фејсбук“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х. Е. (40) во с. Порој, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
На 23.3.2020, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, била регистрирана објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со невистинита содржина во врска со ситуацијата со епидемијата во земјата и, по направена проверка, било потврдено дека станува збор за профил на пријавената, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

