Црна хроника
Пријатели се степале поради референдумот, МВР поднесе пријава
Пријатели се степале поради референдумот, по што полицијата поднесе пријава за еден од нив. Инцидентот бил пријавен вчера во 13:30 часот во Полициска станица Центар.
И.Е.(44) од Скопје пријавил дека околу 00:15 часот во кафе-бар во Скопје, додека бил со негов пријател, му се прибилижил Ј.Л.(33) од Скопје, со кого се познаваат од претходно, и му упатил вербални закани во врска со гласањето на референдумот, а во еден момент го удрил со тупаница, по што пријавителот за кратко паднал во бессознание.
Преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и против Ј.Л. е поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени девет лица во Битолско кои организирале нелегални борби со кучиња, следува кривична пријава за „мачење животни“
На 01.11.2025 во 23:00 часот во селото Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип.
Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.

