Црна хроника
На диво си го доградил хотелскиот комплекс во Охрид, кривична против охриѓанец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишниот Н.Т. од охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, извести МВР.
„Тој, во својство на инвеститор, при изградба на хотелски комплекс на парцела во охридското село Елшани за што имал одобрение, извршил доградба на објектот за која немал соодветно одобрение издадено од надлежен орган“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.

