Црна хроника
Пронајдени автоматски пушки и муниција во Гостиварско, уапсени две лица
Денеска, од страна на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, по добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Е. Ф. (23) во с. Ломница, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од КЗ.
При претресот од лицето С. Ф. (татко на Е. Ф.) пронајдени и одземени се две автоматски пушки, четири рамки за автоматски пушки, 231 куршум за автоматска пушка и 20 патрони за ловна пушка.
Лицата се лишени од слобода во ПС Гостивар, извршен е службен разговор, во кој С. Ф. појаснил дека пронајденото оружје и муниција се негови и по извршеното вештачење, во консултација со јавниот обвинител од ОЈО Гостивар, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен жител на Таринци, кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на татко му
Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип.
Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.
По целосно документирање на случајот, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Насилство во две основни училишта во Скопје – полицијата работи на расчистување на случаите
Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот.
На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Скопје пријавил О.М. (44) од Скопје дека на 24 ноември, околу 09:00 часот, во училница на основно училиште во Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. И за овој настан се преземаат мерки за понатамошно расчистување.
Топ
Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“
Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

