Црна хроника
Пронајдени дрога и оружје во куќа во Пробиштип

Разна дрога и оружје биле пронајдени во куќа во Пробиштип.
Според информациите на МВР, вчера бил приведен А.Д.(20) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Претходно, полицијата извршила претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кои престојувал, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, пет малокалибарски куршуми, пет празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.
Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Загина маж од Демирхисарско: со возило излетал надвор од патот

Вчера во 17.21 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, пред крстосница за село Драгарино, битолско, патничко возило „фолксваген поло“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А.Ѓ. од село Загориче, демирхисарско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата од здобиените повреди, возачот А.Ѓ. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Уапсен маж од Гостиварско: возел со брзина од 114 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час

Вчера во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 44-годишниот Ќ.Т. од гостиварското село Боговиње.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен малолетник од Куманово, бил затекнат при обид да запали кабли

Вчера во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.