Црна хроника
Пронајдени кокаин, хашиш и марихуана во Кавадарци, приведени осуммина дилери
Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин…
На 29.10.2020 околу 13:40 часот извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци. При претресот покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка.
Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М.. Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја.
Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Акциска контрола во Скопје: двајца уапсени поради пронајдена дрога, кај едно лице е пронајден нож, констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
Вчера во периодот од 14:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола, извести МВР.
При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат.
Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за измината важност на регистрација, една за управување возило под дејство на алкохол итн. Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 моторни возила, соопшти МВР.
Црна хроника
Уапсен маж од Неготинско: возел под дејство на алкохол
Вчера во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода 41-годишниот Р.А. од село Криволак, неготинско.
При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото.
Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

