Црна хроника
Пронајдени мигранти во објекти на поранешна фарма на автопатот Куманово – Табановце

Вчера во 13:40 часот на исклучувањето за с.Речица, Кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти.
Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против скопјанец: при претрес најдено оружје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.У.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 28.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа на улицата „Агрон Бериша“, при што се пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка 75“ калибар 9 мм, рамка со куршуми, расклопена автоматска пушка „застава M70“ калибар 7,62 мм со рамка, панцир и други предмети, кои таму ги оставил пријавениот.
фото: архива
Црна хроника
Маж од Тетовско вознемирувал малолетничка: ја нападнал нејзината мајка оти сакала да разговара со него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување’’ и „телесна повреда“.
Пријавениот вознемирувал малолетничка и ѝ упатувал недолични зборови, а откако дознала нејзината мајка отишла во неговиот дом да разговaра со него, при што тој ја нападнал со дрвен предмет.
Црна хроника
Бегалец од затворот во Охрид уапсен во Куманово

Ноќеска во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 20-годишниот З.М. од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор.
Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за доиздржување на казната.