Црна хроника
Пронајдени огревни дрва, приведен дрвокрадец од Кичево
На 19/20.7.2023, во периодот од 23 до 4 часот, по преземени мерки и активности на патот од с. Бигор Доленци кон населбата Бичинци во Кичево, полициски службеници од мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода М. М. (24) од Кичево. При преглед во возилото „ситроен“, без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без документација, две моторни пили, а не посеувал и докумнети за возилото.
Исто така, на патот од с. Бигор Доленци кон населбата Бичинци било забележано и патничко возило „опел тигра“, но тоа не застанало на знак за запирање. Набргу возилото запрело по што две лица, кои се превезувале во него, го напуштиле местото, а при преглед во возилото биле пронајдени огревни дрва.
М. М., возилата, огревните дрва и моторните пиле биле предадени во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

