Црна хроника
Пронајдени околу 80 килограми марихуана во Штип, дилерот е во притвор
Пронајдени околу 80 килограми марихуана во Штип, дилерот е во притвор, информира МВР. Завчера по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина марихуана, на регионалниот пат Штип – Плачковица, кај селото Стар Караорман од страна на полициски службеници од СВР Штип бил запрен Б.С.(40) кој се движел со велосипед и при извршениот преглед кај лицето пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми и 8 рачно изработени цигари, соопшти на прес- конференција Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Вчера бил извршен претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење.
Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Панајотова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

