Црна хроника
Пронајдени стебла канабис близу Струмица, приведени три лица

На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени.
Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.