Црна хроника
Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица

Во куќа во Кичево полицијата пронајде хероин и марихуана, приведени се две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 21:45 часот на улицата 29 ноември во Кичево полициски службеници запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М. (40), а сопатник бил П.Ј..
При преглед кај нив е пронајден хероин, марихуана, пиштол марка „зораки“ и еден куршум. По издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајден е хероин, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..
При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.