Црна хроника
Пронајдено 14-годишно девојче од село Петровец, нејзиното исчезнување го пријавил таткото
 
																								
												
												
											Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари била пронајдена 14-годишната С.С. од село Петровец, скопско, извести МВР.
На 04.05.2024 нејзиниот татко, 47-годишниот А.С. пријавил дека се оддалечила од домот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Несреќа на патот Охрид – Кичево: автомобил удри во 10-годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
 
														Десетгодишно девојче од Кичево со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на патот Охрид-Кичево.
„На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Обиена фирма Бит Пазар, украден сеф со пари
 
														Во полицијата било пријавено дека во текот на ноќта меѓу 29 и 30 октомври непознат сторител со употреба на физичка сила и алат влегол во филијала на фирма на подрачјето на Бит Пазар и одзел сеф со пари.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Младo момче ограбено во Градскиот парк
 
														Во СВР Скопје 23-годишниот М.Ц. од Радовиш, со престој во Скопје, пријавил дека на 30 октомври околу 14:40 часот бил физички нападнат од две лица во Градскиот парк, кои му го одзеле мобилниот телефон.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за расчистување на случајот.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											