Црна хроника
Пронајден починат мигрант во нива во кумановско

Вчера во 16.58 часот во СВР Куманово, С.З. пријавил дека во нива во место викано „Ново Куманово“, атар на с.Речица, кумановско, пронашол починато машко лице мигрант.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.
Црна хроника
Уапсени двајца штипјани во Струмица, кај нив е пронајден кокаин

Вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.