Црна хроника
(Видео) Пронјаден кокаин кај 19-годишен кавадарчанец

Полицијата на автопатот „Пријателство“ го приведе Д.Г.(19) од Кавадарци.
„По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари. Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело“, информираа од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., извести МВР.
За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.
Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.
Црна хроника
30-дневен притвор за државјанин на Полска, пронајдена е дрога кај него

Вчера во 11:00 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, затоа што кај него пронајдоа и одзедоа дрога.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Еден скопјанец и двајца Срби уапсени за „даночно затајување“ и „недозволена трговија“

Денеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија.
Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари.
Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, додека, против српските државјани ќе биде поднесена пријава за „недозволена трговија“ по член 277 од кривичниот законик.