Црна хроника
Проституција во угостителски објект во Гостивар, затекнати две Србинки

Две српски државјанки и една девојка од Македонија биле затекнати од страна на полицијата во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Гостивар, сопственост на Е.А. од селото Лакавица.
Лицата биле лишени од слобода и приведени во полициската станица поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот пресотoј во Македонија, посредување во проституција и трговија со луѓе.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Директор на основно училиште во Струшко фалсификувал сертификат за познавање странски јазик

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор.
По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари.
Црна хроника
106 санкции за неправилно престигнување, 212 за непрописното паркирање

Вчера како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени 841 платен налог по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките показатели, и натаму најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволената – 135, како и на непрописното паркирање – 212, а пак, зад нив следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 68; потоа некористење на сигурносен појас – 60; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 48. Она што е впечатливо за сообраќајните контроли вчера, е фактот дека по однос на прекршоците поврзани со неправилното престигнување беше забележан најголем скок од дури 106 евидентирани такви прекршоци, што е најголем статистички параметар за овој вид прекршоци од почетокот на годинава до сега.
Инаку вчера, покрај ова, беа регистрирани осум случаи на возачи кои што управувале возило под дејство на алкохол, тројца минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Од сообраќај беа исклучени и осум технички неисправни возила, како и 24 нерегистрирани возила.
Министерството за внатрешни работи продолжувајќи со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.