Црна хроника
Пукал од „бмв“ на семејна веселба – 21-годишен тетовец се пофалил на социјални мрежи, па завршил во полициска станица
Веселбата во тетовското село Желино завршила со полициска интервенција откако млад маж решил да прослави на опасен начин. Според информациите од МВР, 21-годишниот С.Ш. од Голема Речица бил уапсен откако пукал со огнено оружје од своето патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблички – и целиот настан го објавил на социјална мрежа.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот наутро, додека осомничениот одел на семејна веселба во селото Желино. Само неколку часа подоцна, околу 00:50 часот, полициските службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода.
При претрес кај него бил пронајден и одземен пиштол марка „Зораки“, со една празна рамка и кутија со 21 куршум, за кои не поседувал дозвола.
С.Ш. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сличен настан е забележан вчера и во селото Житоше. Полицијата ги приведе В.Е.(26) и Б.Е.(57) затоа што на семејна веселба пред куќата каде што живее В.Е. во воздух испукал неколку истрели од огнено оружје. Веселба со истрели во Житоше: 26-годишник славел пукајќи во воздух
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице
На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.

