Црна хроника
Пукал со пиштол на Бит Пазар и нападнал едно лице, уапсен скопјанец
Денеска, од страна на Единица за насилен криминал-ОКСД при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против И.Р.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил неколку кривични дела, и тоа: „Предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по член 288, “Насилство” предвидено и казниво по член 386 и “Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Тој бил лишен од слобода непосредно по добиена пријава дека на 06.12.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар, од пиштол испукал неколку куршуми во воздух и физички го нападнал Е.А..
Исто така, при преглед во возилото „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми и уште една рамка со 17 куршуми.
На пријавениот И.Р. од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

