Црна хроника
Пукање на семејна веселба предизвика паника кај соседите

За време на семејна веселба тетовец испукал куршуми од гасен пиштол „Ескол“, што предизвикало паника во тетовското село Сараќино.
Соседите пријавиле во полиција пукање со огнено оружје, по што полицијата извршила увид и биле пронајдени и подигнати осум чаури калибар 9мм испукани од наведениот пиштол, за кој тетовецот З.Т. (24) имал дозвола.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени две лица од Струга и Струшко, осомничени за физички напад и пукање од огнено оружје, следува пријава

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.К.(29) од Струга и на 17.09.2025 околу 11:00 часот го лишија од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство“ во обид по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Тие, претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А.(52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште, по што Л.К. со пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. и избегал.
По преземени мерки, двајцата се пронајдени и лишени од слобода. Повредениот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, уапсени две лица

Вчера во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово.
При претрес во домот и помошни простории во Тетово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
На Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана

Вчера, во 11 часот, на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 41-годишниот С. М. од Белгија.
При граничната контрола и проверка во неговиот личен багаж се пронајдени и одземена марихуана и семки од растението канабис.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.