Црна хроника
Пукање од автомобил во Студеничани

Вчера во селото Студеничани, во близина на општината по претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од селото Студеничани, кој бил со патничко возило „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од с.Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55).
Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди“.
Од МВР информираат дека повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсена 36-годишна прилепчанка: била затекната при кражба во куќа

Денеска во 05.15 часот на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 36-годишната Е.У. од Прилеп.
Таа била затекната при вршење на кражба во куќа.
По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Ја снимал 15-годишната девојка додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со објава на социјални мрежи

Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос.
Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Кичевско село фатен како вози со 1,80 промил алкохол

На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.