Црна хроника
Работник падна од скеле во Куманово

Работник е тешко повреден при пад од скеле во Куманово. Според полицијата, вчера во 9,05 часот било пријавено дека на Градската автобуска станица во Куманово, при изведување градежни работи (реконструкција на фасада) од скеле (висина од околу два метри) паднал Т.А.(61) од Куманово.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Скопје останал и без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена

Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје.
Таа се сомничи за сторено кривично дело измама.
Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.