Црна хроника
Радовишанецот кој силуваше малолетничка под истрага, тој не го негирал делото
26 годишниот радовишанец кој е осомничен дека извршил полов напад врз малолетничка која не наполнила ниту 14 години, ставен под истрага, известуваат надлежните органи.
Постои сомнение дека осомничениот 26-годишник од Радовиш извршил обљуба врз малолетничка. Јавен обвинител веќе извршил разговор со осомничениот, кој не го негирал извршувањето на делото. Во насока на обезбедување докази, надлежниот обвинител издал и наредби за вештачења на траги, разговори со сведоци, како и за психијатриски вештачења на осомничениот и на оштетената.
Струмичкото јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка за лицето за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години казниво по Кривичниот законик.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, обврска да се јавува повремено во Судот, како и забрана за приближување и остварување контакти со жртвата., се вели во известувањето од налдежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

