Црна хроника
Разбојник крадел мобилни телефони и теписи од куќи во Шуто Оризари
Скопското основно јавно обвинителство ќе покрене обвинение против 20-годишник од Скопје кој ограбил четири куќи и еден маркет во Шуто Оризари.
Како што информираат од обвинителството, скопјанецот во периодот од 1 декември 2019 до 06 јануари 2020 година со умисла извршил пет насилни влегувања, притоа искористувајќи исти услови и слични околности.
Обвинетиот 20-годишник насилно влегол во четири куќи и во еден маркет и одзел туѓи вредни предмети: мобилен телефон, телевизор, два персиски теписи, кутии цигари и алати. Вкупната вредност на украдените предмети се проценува на околу 180.000 денари.
На 29 ноември минатата година истото лице од џеб на јакна на скопјанец украло мобилен телефон вреден 45.000 денари.
Разбојникот се товари за продолжено кривично дело тешка кражба, како и едно кривично дело кражба.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да ја продолжи претходно определената мерка притвор затоа што постои опасност од бегство, на што упатува фактот дека се работи за лице кое не поседува лична карта, нема постојана адреса на живеење, а претходно е осудувано за исто кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

