Црна хроника
Разбојник ограбил аптека, со нож ѝ се заканувал на вработената
Разбојник ограбил аптека во Скопје заканувајќи ѝ со нож се на вработената. Како што информира полицијата, вчера околу 20:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во аптека на улица Лука Геров непознат сторител извршил разбојништво.
Тој со закана со нож од вработената одзел околу 35 000 денари, по што побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери
Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(36) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Денеска во 00.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(52) од Скопје. По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот во кој престојува на подрачјето на Кисела Вода, во неговото возило „тојота“, како и во подрумските простории кои лицето ги користи, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, семки од растението канабис, различни видови таблети и две дигитални ваги.
Денеска, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Џ.А. од Скопје. По претходно добиена судска наредба, беше извршен претрес и во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, при што беа пронајдени и одземени неколку тегли и неколку други пакувања со марихуана и дигитална вага, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до ОЈО.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и дете
Во текот на вчерашниот ден три лица од Скопје пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици во градот.
На 10.10.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 10.10.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Аеодром, В.П. (20) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 10.10.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Р. (40) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсени шест лица од Штип, во нивното возило била пронајдена дрога
Денеска во 02.25 часот, полициски службеници од СВР Штип ги привеле 21-годишниот Н.Ш., 18-годишниот Е.Р., 31-годишниот Д.Г., 33-годишниот, А.Б., 21-годишниот Д.Т. и 21-годишниот Н.Т., сите од Штип.
Тие биле затекнати на улица „Кежовица“ во Штип со патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, при што едно од лицата фрлило ќесе со марихуана, која била пронајдена и одземена. После тоа, при преглед во возилото, исто така, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.