Црна хроника
Разбојник од Велес истепал полицајци кои го фатиле при кражба

Од страна на велешката полиција синоќа приведен бил А.Д. (20) од Велес, кој бил затекнат при вршење на кражба во куќа на улицата „Ѓорге Органџиев“, а потоа и физички нападнал полициски службеници.
Дваесетгодишникот ги нападнал и им нанел повреди на двајцата полицајци кои го затекнале при кражбата. Тие побарале и лекарска помош во велешката болница.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот против разбојникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетно девојче допирано по телото од соседот: случајот го пријавила мајка и

Вчера околу 19.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека нивниот сосед Џ.С. ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка.
За настанот е известен јавен обвинител.
Полицијата соопшти дека се работи на негово расчистување, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина 33-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот во Струмичко

Ноќеска во 23.45 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, струмичко, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Топ
Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица. Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено, соопшти Обвинителството.
Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврата организирале неовластена набавка, пренесување и продажба на шест килограми наркотична дрога кокаин од Кралството Холандија до РС Македонија. Наркотичната дрога била наменета за понатамошна неовластена продажба во државава. Осомничените и сега починатите заеднички преземале инкриминирачки активности дејствувајќи секој во својата улога во делот на неовластена набавка на наркотичната дрога, организирање на нејзино пренесување и складирање на соодветна скриена локација, како и нејзина распределба заради понатамошна неовластена продажба. Со дејствијата опишани во наредбата, осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Според соопштеното во текот на денешниот ден петто осомничениот кој е лишен од слобода ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка и за него обвинителството ќе побара да му биде определена мерка притвор. Истата мерка ќе биде предложена за уште двајца осомничени – недостапни на органите на прогонот, а за другите двајца, исто така недостапни на органите на прогонот, а кои претходно се опфатени со наредбата за истрага во предметот „Грчец“, мерката притвор е веќе определена и ќе се применува по нивно пронаоѓање.