Црна хроника
Разбојништво во казино и аптека во Скопје

Непознати сторители вчера ограбиле казино и аптека во Скопје, јавуваат од полицијата.
Грабежот во аптеката се случил вчера напладне на улицата „Димитрие Чуповски“, а случајот го пријавила вработената во аптеката од која разбојникот одзел пари.
Во вториот случај, синоќа непознат сторител одзел пари од казино на улицата „Народен Фронт“.
МВР вели дека презема мерки за расчистување на двата случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово.
Како што објави српски „Блиц“, околу 5:15 часот наутро на автопатот, упатувајќи се во правец кон Хоргош, возачот на „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, по што возилото се превртело.
Возачот бил тешко повреден и бил пренесен во Општата болница во Суботица, додека сопатникот починал на местото на настанот.
Истрагата ја спроведоа обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај
Топ
Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази пешакот, мотоциклистот избега.
Од МВР информираат дека денеска во полициска станица е извршен службен разговор со Ф.Љ.(25) од Скопје, кој на 01 јули околу 19.30 часот на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, со мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што избегал.
Од здобиените повреди Ј.Н. почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Денеска Ф.Љ. е лишен од слобода и по документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти МВР.
Црна хроника
Возел со 2,54 промила алкохол во крвта и поминал на црвено светло: уапсен маж од Кавадаречко

Утрово во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.
На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта.
В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.