Топ
Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането
Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново.
Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно братот на повредениот со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над село Арачиново, по расправија околу напасувањето на добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.
Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ делови од Омаха, Небраска.
Tornado that hit Elkhorn, NE. #tornado #elkhorn #ne #omaha pic.twitter.com/7nqKSGdYZV
— Alex freed (@freezymfe) April 27, 2024
Регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.
Tornado damage in Iowa 🇺🇸 pic.twitter.com/RBv3lJm1sw
— The Watchman (@nspiass) April 27, 2024
Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 27, 2024
Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.
На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна криза. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, каде Ковачевски му оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му даде на СДС и кои. Толку е голем очајот, што Ковачевски прифаќа се, па и сите министерства да ги води ДУИ, не сфаќајќи дека поразот е и поради тоа што партијата го изгуби идентитетот трчајќи по тоа да му се угоди на Ахмети“, велат од партијата.
„И двете сценарија кои се во план во СДС се губитнички за Македонија и удираат по нејзините темели. Решението е масовна излезност. Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е масовно гласање на избори. Колку поголема излезност толку поголема ќе биде победата над СДС и ДУИ. И СДС и ДУИ мора да знаат две работи, првата е дека ДУИ заедно со СДС оди во опозиција. А втората е дека ќе одговораат за криминалот. Промените и победата е во рацете на народот. За да се запрат СДС и ДУИ и да нема уцени потребна е масовна излезност. За Македонија повторно да биде твоја“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје
Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 20, а пријавени се заболени и во Битола – три, Куманово – две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.
„Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст“, пишува во извештајот.
Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје – 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.
254 лица се од машки, а 262 од женски пол.
„Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето – за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува“, се додава во извештајот на ИЈЗ.
Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.
Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.