Црна хроника
Расчистена тешка кражба во Скопје, следува уште една пријава за шверцер на мигранти, кој веќе издржува мерка притвор
Вчера, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело тешка кражба извршена на 9.5.2023, при што на улицата Пушкинова, од возилото „хонда“, со српски национални ознаки, сопственост на 57-годишниот Н. А. од Скопје, беа одземени регистарски таблички, извести МВР.
„Во врска со настанот, вчера, по консултација со јавен обвинител, во Казнено-поправната установа ‘Затвор Скопје’ бил извршен службен разговор со Л. Д. (29) од Република Србија, кој издржува мерка притвор во установата. Имено, на 9.7.2023, при контрола во возило „ауди“ на граничниот премин Богородица, кое го управувал, биле пронајдени лица мигранти, а било констатирано дека регистарските таблички што биле ставени на неговото возило припаѓаат на возилото на Н. А., соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

