Црна хроника
Расчистени 11 кривични дела тешка кражба и две кривични дела прикривање во Радовиш
Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против 20-годишниот М. Ј. од Штип, со престој во Радовиш, 22-годишниот С. Р. од Радовиш со престој во Штип, 18-годишниот Т. Ј. од Штип, 22-годишниот Ј. А. од Радовиш, 66-годишниот Љ. Т. од Радовиш и 31-годишниот Б. А. од Радовиш, извести МВР.
„М. Ј., С. Р., Т. Ј. и Ј. А., во периодот од март до септември 2023 година, во куќи и викенд-куќа на подрачјето на Радовиш извршиле 11 кривични дела тешка кражба по член 236 од Кривичниот закон, а Љ. Т. и Б. А. се сомничат за сторени две кривични дела прикривање, односно поради тоа што прикриле дел од предметите што осомничените ги одзеле при вршење на кражбите“, соопшти МВР.
Со извршените кривични дела лицата противправо стекнале имотна корист во висина од 170.300 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.