Црна хроника
Расчистено разбојништво во Куманово, поднесена кривична пријава
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје, Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..
После тоа, на 15.03.2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Албанската полиција уапси 36-годишен македонски државјанин кој бил баран поради фалсификување пари
Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен државјанин на Македонија, по кој била распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз.
Полицијата информира дека лицето Н.С. (36) било уапсено во Тирана во рамки на акцијата со кодно име „Операција 73“, со цел негова екстрадиција во Северна Македонија.
Според извештаите, 36-годишниот бил баран и од ДВП Драч за кривично дело „кражба“.
Во соопштението се наведува дека тој бил прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осудил на 2 години затвор за кривично дело „фалсификување валута“.
Постапките за екстрадиција ќе ги спроведат Интерпол Тирана и надлежните власти во Македонија.
Црна хроника
Кавадарчанка реновирала дома и во подрумот пронашла 55 неексплодирани детонатори
Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви.
Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Вработен во јавно претпријатие се вработил со фалсификат диплома од средно училиште во Куманово
Вработен во јавно претпријатие во Куманово се вработил со фалсификат диплома од средно училиште.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.

