Црна хроника
Рачна бомба најдена во двор на куќа во Градско
Во СВР Велес било пријавено дека во куќа во Градско, градежни работници кои извршувале градежни работи пронашле рачна бомба.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобили се судрија кај Сарај, повредени се четири лица
Вчера на регионалниот пат Скопје –Тетово, атар на село Дворце, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(47) од Скопје и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(62) од село Радуша, скопско.
Во несреќата возачот А.Љ се здобилсо тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, додека пак со телесни повреди се здобиле – другиот возач Е.Ф. и неговите две сопатнички Ф.Ф.(55) и А.Ф.(27) двете од село Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
17-годишното момче кое доживеа струен удар е во критична состојба
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17 – годишник од с.Волково, скопско, кој бил качен на цистерна – вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила.
Со возило на Итна помош повредениот бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што велат од Ургентниот центар, неговата состојба е критична.
Црна хроника
Автобус на ЈСП прегази маж кај Транспортен
Денеска околу 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, кај Транспортен центар, автобус на ЈСП удрил во машко лице на возраст од околу 60 години.
Лицето со возило на Итна помош е пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.