Црна хроника
Рекол дека ќе им продаде дрва за огрев, им ги зел парите и побегнал
Педесет и шестгодишна скопјанка пријавила во полиција дека непознат сторител ја измамил неа и нејзиниот сопруг, кажувајќи им дека продава дрва за огрев и дека ќе им ги покаже да ги видат. Откако се согласиле, измамникот и заинтересираниот купец тргнале да ги видат дрвата, но попат сторителот му ја кажал локацијата на дрвата и му рекол да оди, а дека тој ќе дојде.
Веднаш потоа, измамникот се вратил во нивната куќа и на жената ѝ рекол дека дрвата веќе се сечат и се товарат и ѝ побарал 7 500 денари. Откако ги зел парите, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

