Црна хроника
Роднини фатени со над 133 килограми марихуана, полицијата растурила семеен бизнис
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесената кривична пријава од МВР-СВР-БЈБ-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, поведе истражни постапки против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Четворицата соизвршители, тројца мажи и една жена на возраст од 49, 44, 19 и 45 години, сите роднински поврзани, неовластено набавиле вкупно 133,7 килограми наркотична дрога марихуана која ја држеле во авто-сервис во Ѓорче Петров.
На 2 мај во попладневните часови спакувале 99,6 килограми марихуана и ја ставиле во автомобил.
Движејќи се еден зад друг во три различни автомобили, се упатиле од авто-сервисот по улицата „Скупи“.
Притоа, 19 – годишниот осомничен бил во последното трето возило кое имало за цел да предупредува доколку на патот забележи полициски службеници и патроли. Откако се обидела да ги запре полициска патрола, дел од осомничените се дале во бегство, но на булеварот „8 Септември“ биле запрени и лишени од слобода, а дрогата им била запленета. Остатокот од марихуаната бил пронајден при претрес на авто-сервисот.
Првиот осомничен се товари и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи при претресот во авто-сервисот во негова сопственост биле пронајдени неколку куршуми муниција.
За сите четворица осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи процени дека таквата мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

