Црна хроника
Свекрвата ја претепала снаата во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.Х.(49) од општина Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.
Имено на 24.04.2025 во семејниот дом В.Х. физички ја нападнала нејзината 29 – годишна снаа за син, по што е лишена од полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кичевец со спреј испрскал сограѓанин пред полициска станица, па нападнал полицајци

Против 32-годишниот, Е.С. од кичевското село Пласница поднесена е кривична пријава поради предизвикување општа опасност и напад врз службено лице.
Од СВР Охрид информираа дека во саботата, во близина на полициската станица во Кичево, тој го нападнал А.А.(28) од кичевското село Туин и го испрскал со спреј по лицето.
Потоа нападнал и полициски службеници.
Црна хроника
Уапсени тројца битолчани: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 19.55 часот во село Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода 33-годишниот М.К., 38-годишниот Д.П. и 36-годишниот Д.М., сите од Битола.
При претрес во домот на М.К.(33) во село Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива.
Се работи за 19-годишно момче со иницијали М.А., а според информациите од полицијата, телото било најдено на 19 мај во 12.05 часот.
„Лекарот констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информираа од СВР Струмица за „Макфакс“.
Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.