Топ
Седумгодишно дете пронајдено починато во поток во скопското село Грушино

Вчера (25 јули) во попладневните часови во полициското одделение Арачиново било пријавено дека претходно во текот на денот во селото Грушино од својот домот се оддалечил седумгодишниот Ш.Р..
Вечерта од страна на полициски службеници детето било пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат, пишува „Си-ен-ен“.
Лидерите остануваат во Белата куќа за да ги продолжат преговорите во поинаков формат, изјави портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.
Официјален претставник на Белата куќа, исто така, рече дека мултилатералниот состанок со европските лидери и Зеленски завршил, но не се осврна на тоа дали ќе продолжат со разговори.
Главни теми на средбата беа безбедносните гаранции за Украина и можните чекори кон мировен договор со Русија. Трамп претходно посочи дека очекува брз напредок и дека работи на организирање трилатерална средба со Владимир Путин и Зеленски. Германскиот весник „Билд“ додека траеше состанокот објави дека Трамп го паузирал за да телефонира кај рускиот претседател, иако тој разговор беше најавен по завршувањето на средбата.
Свет
Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот лидер Володимир Зеленски пред новинарите во Белата куќа.
„Војната ќе заврши. Овој господин сака да ја заврши, Владимир Путин сака да ја заврши, мислам дека на целиот свет му е доста од неа и ние ќе ја завршиме“, рече Трамп.
„Јас завршив шест војни“, тврди американскиот претседател.
„И мислев дека можеби оваа може да биде најлесната. И не е – тешка е, има многу причини за тоа и ќе се зборува за неа долго време.“
Тој додаде: „Се чувствувам уверен дека ќе можеме да ја решиме.“
Американскиот претседател верува дека може да се постигне мировен договор дури и додека војната продолжува.
„Не мислам дека прекинот на огнот е неопходен. Знаете, ако ги погледнете шесте договори што ги склучив оваа година, сите беа договорени додека војната сè уште траеше. Ниту еден од нив не вклучуваше прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Знам дека прекинот на огнот би можел да биде корисен, но исто така разбирам зошто едната или другата страна не би го сакале тоа, од стратешки причини. Се случува прекин на огнот, а потоа тие се обновуваат и се обновуваат и се обновуваат, и можеби не им се допаѓа.“
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.