Црна хроника
Седуммина уапсени за поседување дрога за само една ноќ
Во 03.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ј.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и прашкаста материја. Во истото време утрово и поради истите причини, но во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(30) од Виница.
Малку по полноќ, во 00.30 часот, во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.К.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Во 01.40 часот по полноќ во угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Рано утрово во 03.00 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР охрид го лишиле од слобода Ж.Р.(32) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Ноќеска во 00.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Во 23.45 часот на ул.„Трескавец“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на сите овие случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

