Црна хроника
Семејно насилство во Карпош, уапсен 22-годишник

Вчера во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 22-годишниот М.С. од Скопје, по претходна пријава дека во домот кршел покуќнина, се заканувал и се обидел физички да ја нападне неговата 50- годишна мајка, а потоа физички го нападнал нејзиниот партнер, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Седумдесет и шестгодишниот водоводџија М.Т. од Скопје почина во куќа во Карпош додека извршувал поправки.
Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пожар во угостителски објект во Центар

Денеска околу 03 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.
„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.
Извршен бил увид.