Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: татко ги истепал своите две малолетни ќерки

Вчера во 14.00 часот во Полициското одделение Петровец, 41-годишна жена од скопско село пријавила дека на 09.06.2024 нејзиниот поранешен сопруг Н.С. физички ги нападнал нивните две малолетни ќерки и притоа употребил и тврд предмет, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопски Аеродром: 44-годишник ги истепал сопругата и нејзиниот малолетен син

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н.(44).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.
Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.
Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.