Црна хроника
Семејно насилство во Тетовско: маж ги истепал својот брат и снаата
Вчера, во 10.30 часот, 51-годишен жител на тетовско село во СВР Тетово пријавил дека околу 10.15 часот него и сопругата физички ги нападнал брат му И. А. (54), а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи, извести СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со мотицикл излетал од патот Новаци – Македонски Брод, тешко повреден возачот
Вчера во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Возило на патот Велес – Градско излетало од патот, тешко повреден возачот
Вчера во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Возило во Тетовско излетало од патот, повредени возачот и сопатникот
Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат на влез кон с.Мерово, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(75) од с.Мерово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возочот и сопатникот Ќ.А.(69) од с.Мерово, констатирани во Клинички центар Тетово.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.