Црна хроника
Се возеле со велосипеди низ Тетово за време на полицискиот час
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово до Основниот суд – Тетово достави предлог за издавање казнени налози против двајца тетовци.
Обвинетите вчеравечер околу 20.45 часот, непочитувајќи ја забраната за движење за време на полицискиот час, со велосипеди се движеле низ Тетово. На улицата Илинденска биле забележани од страна на полициски службеници и лишени од слобода.
Двете лица се обвинети дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво во член 206 став 1 од Кривичниот законик за што Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

