Црна хроника
Се запали локомотива на патнички воз
Локомотива на патнички воз се запали вчера на Железничката станица„Смоквица“.
Станува збор за воз којшто сообраќа на релација Скопје-Гевгелија. Од МВР соопштија дека на машиновозачот му била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Гевгелија и извршен е увид на местото на незгодата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат работник од ЕВН во Горно Нерези
Во полицијата вчера беше пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ бил донесен 50-годишниот Т.И. од селото Матка со повреда.
Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот во село Горно Нерези, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице кое употребило тврди предмети.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанки пријавиле закани и напад од сопрузите со кои се разведуваат
Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка.
Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка информирала дека околу 08:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од својот сопруг С.К. (43). СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка измамена за 200.000 денари од „мајстор“ што исчезнал со парите, требало да работи во дворот
Педесетгодишна жена од скопско во полицијата пријавила дека била измамена од лицето В.„Н“ за износ од 200.000 денари.
Според пријавата, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но по земањето на парите престанал да одговара на повиците.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

