Црна хроника
Се обидел да ги прегази полициските службеници кои го стопирале на улица
Маж со своето возило се обидел да ги прегази полициските службеници кои го стопирале на улицата Ангел Винички во Виница.
„На даден знак со ‘стоп-палка’ на Г.А.(63) од Виница кој управувал патничко моторно возило ‘сузуки витара’ со штипски регистарски ознаки му биле побарани документи, а тој одбил да им даде документи, по што го стартувал возилото и продолжил со движење, а потоа го свртел возилото и со голема брзина се упатил кон полициските службеници со намера да ги прегази“, соопшти МВР.
Откако полициските службеници успеале да го запрат возилото, го привеле мажот во Полициска станица во Виница. По целосно комплетирање и документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош
Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје.
Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1.000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено употребиле физичка сила врз него и му нанеле телесна повреда.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Се степале жени во Охридско
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Извор, З.А.(41) од кичевското село Колибари физички ја нападнала Ф.Д.(25) од селото Пласница, по што настанала фиџзичка пресметка помеѓу нив.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

