Црна хроника
Се обидел да силува 35-годишна жена: Драма во скопски Аеродром
 
																								
												
												
											35-годишна жена пријавила во полиција дека едно лице се обидело да ја силува во скопски Аеродром.
Имено, синоќа околу 22 часот во СВР Скопје 35-годишната жена пријавила дека околу 21.45 часот на подрачјето на Аеродром во објект на правно лице едно лице се обидело да изврши обљуба врз неа, но не успеало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Автомобил удри во 10-годишно девојче на патот Охрид – Кичево
 
														На 30 октомври 2025 година, во 07:15 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С. (60) од селото Другово, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево.
Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
На местото на настанот извршен бил увид од екипа на ОВР Кичево.
Црна хроника
Ученици нападнале врсник во основно училиште во Струга
 
														Во Струга било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во едно основно училиште во градот, при што двајца ученици физички нападнале свој соученик.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и, во соработка со претставници од училиштето и од Центарот за социјални работи – Струга, презеле мерки за негово расчистување.
По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Трактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена
 
														Вчера на локалниот пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б. (58), и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (72), двајцата од истото село.
Во несреќата тешко е повредена 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, а полесни повреди добила 62-годишната Д.Д., сопатничка во автомобилот. Двете повредени биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.
При увидот, полициската екипа од СВР Охрид утврдила дека возачот на тракторот М.Б. управувал под дејство на алкохол, со 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											