Црна хроника
Се преврте автомобил кај Македонска Каменица, повредени три лица
Синоќа во полицијата било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица, кај селото Дулица, автомобил управуван од С.С.(59) од Македонска Каменица се превртел на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка О.М.(56), а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници С.С.(59) и Т.М.(55), сите од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кражба на телефони прерасна во тепачка, тројца уапсени во Тетово
Два поврзани инциденти во текот на истата вечер резултираа со три приведени лица на улицата „Илинденска“ во Тетово.
На 3 февруари, околу 18:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Т. (57) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Тој е осомничен дека одзел мобилни телефони од продажен објект.
Само неколку часа подоцна, во 23:00 часот, полицијата привела и две лица од Тетово – И.Г. (40) и Д.М. (26) – кои биле пријавени токму од И.Т. Според пријавата, во периодот меѓу 18:00 и 19:00 часот, по претходна расправија околу мобилни телефони, тие физички го нападнале на истата улица.
Сите инволвирани се приведени, а од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

