Црна хроника
Се судрија автобус, товарно возило и мотоцикл во Штип: возачот на мотоциклот тешко повреден
Вчера, во СВР Штип, било пријавено дека околу 11 часот, на кружниот тек од улицата Партизанска и улицата Борис Крајгер во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од С. З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф. Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“, управуван од А. Р. (37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки.
Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото бил извршен од екипа на СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жени фатени во кражба: едната крадела во бутик, другата во гардеробер
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.30 часот, ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар.
Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот.
С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Истиот ден во 09.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во гардероберот и на тројца вработени им одзела пари.
Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок, информираа надлежните.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од поранешната девојка на работното место
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, 48-годишен скопјанец пријавил дека на своето работно место во канцеларија на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата поранешна девојка Е.Н.Б.(45) од Скопје.
Девојката според полицијата употребила и тврд предмет.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.