Црна хроника
Се судрија возило, камион и автобус, една жена тешко повредена
Една патничка е тешко повредена при сообраќајна несреќа меѓу автомобил, камион и автобус. Нереќата се случила вчера во 16 часот во Скопје, на булеварот Партизански одреди, во близина на крстосницата со булеварот 8 Септември.
Во сообраќајна несреќа учествувале возило „ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч. (58) од Скопје, товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Н. (42) од с. Страчинци, Скопско, и автобус „евобус“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А. П. (47) од с. Сарај, Скопско. Во незгодата тешки телесни повреди добила патничката во автобусот С. Ј. (67) од Скопје, на која ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

