Топ
Се судрија два камиони на обиколницата кај Радишани

Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба.
Според изјави на очевидци, едниот камион удрил во задниот дел на друг камион. Засега не се познати причините за несреќата.
Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.
Сообраќајот кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци, поради сообраќајката, беше во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците.
“Јас исто така се обраќам до моќниците на светот повторувајќи го апелот: никогаш повеќе војна,” рече папата Лав денес за време на традиционалната по-велигденска порака на плоштадот Св. Петар во Рим.
Говорејќи кратко по 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, тој рече дека денешниот свет се соочува со “делчна Трета светска војна” — израз кој првпат го користел неговиот претходник папата Франциск.
Првпат по неговиот избор за папа минатата недела, Роберт Францис Превост се осврна на најголемите глобални конфликти – од руската инвазија на Украина до конфликтот во Газа.
„Во моето срце го носам страдањето на саканиот народ на Украина“, рече папата Лав.
Тој повика на доготраен мир во Украина, ослободување на воените заробеници и враќање на депортираните украински деца на нивните семејства. Зборувајќи за конфликтот во Газа, папата Лав рече дека поддржува итнато примирје, хуманитарна помош за исцрпениот цивилен народ и ослободување на заложниците .
На крајот, тој го поздрави неодамнешнато примирје помеѓу Индија и Пакистан и повика на траен мир.
Македонија
(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.
„На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка. Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава“, извести денес Министерството за вантрешни работи.
Македонија
(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Ќе го покани на средба за да му посака добро здравје.
„Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му поскам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела на која ќе сумираме што е тоа што е направено, и да му посакам, пред се добро здравје,тоа е она што на сите нам ни е најважно. Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките Али Амети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и, убеден сум, одлука на малкумина, тоа не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ги влече за нос Владата и граѓаните, но ете полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена. И тоа важи за сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби или останати“, рече премиерот Мицкоски по денешниот увод во градежните работи за изградба на градинка во скопско Инџиково.
Што значи излегувањето од Владата на Таравари, Мицкоски вели дека времето ќе покаже и уверува дека Владата е стабилна и фокусирана на проекти и борба против криминалот и корупцијата.