Црна хроника
Се судрија две возила и мотор во Тетовско: повредени се две млади лица

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Џепчиште.
Според информациите, во несреќата учествувале две возила и мотор.
„„фолксваген тигуан“ управуван од Б.Б.(68) и „фиат“ што го управувал Н.Н.(74), двајцата од ова село и мотоцикл со тетовски ознаки, управуван од малолетник од истото село“.
Во несреќата, малолетникот и 21-годишниот сопатник од мотоциклот А.М. од Џепчиште се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.