Црна хроника
Се судрија „мерцедес“ и „пежо“ настрада и паркирано возило

Вчера во 12 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала.
Возилото „пежо“ потоа удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К..
Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во сообраќајот.
На 8 август, по локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со измината важност на сообраќајната дозвола. Бил под дејство на алкохол и брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.
Во таква ситуација изгубил контрола над управувачот, отишол во лево и преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па со предниот лев страничен дел од возилото удрил во автомобил „Шкода“.
Од незгодата со полесни повреди се здобиле возачот и четворица сопатници од возилото “Шкода”, меѓу кои две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Германски државјанин со украдено „бе-ем-ве“ фатен на границата со Косово

Вчеравечер во 19:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Е.М.(31) од Германија .
При гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, евидира во базата на Интерпол како украдено.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан 18-годишник со мотор удрил во возило, тешко повредена малолетничка

Синоќа околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, М.С.(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.
По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот М.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.