Црна хроника
Се судрија мотоцикл и автомобил во Струмица, едно лице е тешко повредено
Вчера во Струмица, на крстосница од кружен тек од улицата Климент Охридски“ и булеварот Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „томос“, управуван од Р.Б.(58) од с.Вељуса и патничко возило „мерцедес Е220“, управувано од С.Ѓ.(70) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра
Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.
Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.
Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома
Полицијата вчера го приведе Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Четворица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во Скопје.
На 21.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.
На 21.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.